ВИДЕО: Најмладите навивачи му направија големи проблеми на својот клуб – Спарта Прага во шок!

Сподели

Иако на натпреварот Спарта-Ренџерс во Прага имаше само деца на трибините, сепак се слушаа расистички навреди.

Во август, навивачите на Спарта расистички го навредуваа играчот од средниот ред на Монако, Аурелиен Чуамени, по што УЕФА го казни клубот со тоа што дозволи да влезат само навивачи до 14 години.

Сепак, ниту ова не го реши проблемот, бидејќи децата го исвиркуваа играчот од средниот ред на Ренџерс, Глен Камарa при секој допир со топката.

Камара претрпе расистички навреди и порано кога играше против Спарта Прага.

Имено, чешкиот репрезентативец Ондреј Кудела беше драстично казнет бидејќи го навредил играчот од средниот ред на Ренџерс по натпреварот од осминафиналето на Лига Европа минатата сезона.

Кудела го пропушти ЕП бидејќи УЕФА ја одби неговата жалба против суспензија од 10 натпревари поради расистичко однесување.

Спарта во четвртокот ги победи Ренџерс со 1-0, со голот на Хенк во 29-та минута.

Камара доби втор жолт картон во 74. минута и порано го напушти теренот.

The post ВИДЕО: Најмладите навивачи му направија големи проблеми на својот клуб – Спарта Прага во шок! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico