Спорт

ВИДЕО: Најтежок пораз во кариерата на Мурињо – Навивачите ги построија играчите по дебаклот во Норвешка!

Сподели:

Рома во првите две кола стигна до победи со гол разлика 8:1 на тие два меча, но потоа беше целосно понижена во третото.

Жозе Мурињо и неговиот тим одиграа катастрофален натпревар и си ги уништија шансите за освојување на првото место во групата Ц од Лигата на конференциите.

Норвешки Бодо како домаќин ја совлада „волчицата“ со резултат 6:1!

Може да се води полемика за тоа колку е важно ова натпреварување за Рома, сепак, навивачите имаат причина да бидат лути на тимот.

Оние кои допатуваа од Италија по натпреварот им одржаа лекција на фудбалерите и со тоа ставија до знаење дека такви работи не смеат да се случуваат.

Апсолутен херој на Норвежаните беше Ерик Ботеим, 21-годишен напаѓач кој постигна три гола и три асистенции.

Ова е најтешкиот пораз во богатата кариера на Жозе Мурињо, а мечот во Норвешка е прв во неговата кариера на кој неговиот тим примил шест гола.

The post ВИДЕО: Најтежок пораз во кариерата на Мурињо – Навивачите ги построија играчите по дебаклот во Норвешка! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico

Сподели: