Марин и Ена Ивановски со скијачки успеси

Сподели:

Младите скијачи од Карпош, Марин и Ена Ивановски, зад себе имаат успешна сезона исполнета со значајни резултати на домашни и меѓународни натпревари. Марин Ивановски, ученик во осмо одделение во ООУ „Димо Хаџи Димов“, во сезоната 2025/2026 година е прогласен за државен првак во дисциплините слалом и велеслалом, како и за првопласиран во генералниот пласман на Алпскиот куп при Скијачката федерација на Македонија (СФМ) во категоријата до 14 години.

На меѓународните натпревари, Марин го освои второто место на ФИС-трка за деца до 14 години во дисциплината велеслалом, додека во слалом, на натпреварот во Арџена, Косово, се пласираше на третото место. Успешна сезона има и Ена Ивановска, поранешна ученичка во ООУ „Димо Хаџи Димов“, која е првопласирана во генералниот пласман на Алпскиот куп при СФМ во дисциплините слалом и велеслалом. Марин и Ена се долгогодишни членови на Ски-клубот „Меденица“ – Скопје, кој е прогласен за најдобар клуб во алпско скијање во земјава.

Општина Карпош им упатува честитки на Марин и Ена Ивановски за постигнатите резултати и им посакува нови успеси во идните натпреварувања.

Сподели: