Спорт

ВИДЕО: НОКАУТ на годината – Коментаторите останаа во шок!

Сподели:

Нигериецот Ефе Ајагба ја продолжи серијата победи во боксерскиот ринг. Овој 198 сантиметри висок боксер го победи Брајан Хауард со брутален нокаут на пресметката во Тулса.

Ајагба славеше со нокаут кој ќе остане запаметен како еден од најдобрите оваа година. До него дојде во средината на третата рунда, а Хауард падна како покосен.

Блесна една силна десница, Хауард експресно заврши на подот, а судијата немаше потреба да одбројува. Нигерискиот боксер со тоа дојде до 15-тата победа во исто толку настапи.

„Ова одекна како истрел, токму така звучеше овој удар за нас покрај рингот“, рече еден од коментаторите во директниот пренос.

Ајагба се наоѓа на 17-тото место на листата на најдобрите тешкаши на BOXREC во светот, со што станува јасно дека тој е рангиран подобро од хрватскиот репрезентативец Филип Хрговиќ за пет позиции.

Ова е потенцијалниот нокаут на годината на овој нигериски боксер…. 

 

The post ВИДЕО: НОКАУТ на годината – Коментаторите останаа во шок! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico

Сподели: