(ВИДЕО) Ова е последниот кош на Дражен – Донесе кобна одлука со кола да се врати во Хрватска!

Сподели

Дражен Петровиќ, еден од најдобрите светски, европски, југословенски и хрватски кошаркари, загина во сообраќајна несреќа на 7 јули 1993 година.

петровиќ5

Несреќата се случи околу 17:20 часот, кога неговиот црвен автомобил голф удрил во камион цистерна на автопат во близина на Денкендорф, Германија.

Ден претходно го одигра последниот натпревар и го постигна последниот кош.

Хрватска играше квалификации за ЕП во Вроцлав, Полска, а Словенија беше ривалот. Натпреварот немаше резултатско значење, бидејќи Хрватите претходно го обезбедија пласманот.

Словенија на тој натпревар славеше со 94:90, а Петровиќ постигна 30 поени.

Дражен упати две слободни фрлања во последната минута од играта, првото го погоди, а второто го промаши.

Тоа беше последниот кош во неговата блескава кариера….

 

The post (ВИДЕО) Ова е последниот кош на Дражен – Донесе кобна одлука со кола да се врати во Хрватска! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico