Спорт

(ВИДЕО) Поглупаво исклучување сигурно не сте виделе – Доби два жолти картона за 30 секунди!

Сподели:

Натпреварот од англиската лига 2 помеѓу Бредфорд и Донкастер го одбележа бизарното исклучување на искусниот играч за врска Ли Томлин.

фото: Profimedia

Тој заработи два жолти картони и исклучување во петтата минута од судиското надополнување во првото полувреме.

Томлин прво беше казнет затоа што одби да се тргне кога противникот сакаше да изведе слободен удар. Само 30 секунди подоцна играч на Бредфорд му пријде на Томлин одзади, играчот на Донкастер драматично падна и извлече прекршок.

Сепак, за негова несреќа, судијата беше доволно блиску за да види дека лажира, па му додели втор жолт картон и го испрати во соблекувалната.

Погледнете како тоа изгледаше:

Натпреварот помеѓу Бредфорд и Донкастер заврши без голови 0:0.

The post (ВИДЕО) Поглупаво исклучување сигурно не сте виделе – Доби два жолти картона за 30 секунди! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico

Сподели: