Спорт

(ВИДЕО) Пред 18 години го постигна голот на кариерата – Гол кој само тој можеше да го даде, а по кој настана хаос!

Сподели:

Еден од најубавите голови во кариерата на легендарниот Златан Ибрахимовиќ го постигна во дресот на Шведска и тоа против Италија на ЕП 2004 во Португалија. 

Токму на денешен ден пред 18 години популарниот Ибра ја растажи цела Италија кога постигна гол во 85. минута од второто коло од групната фаза на ЕП 2004 и ги постави конечните 1:1.

Италијанците имаа предност од голот на Касано во 37. минута, а кога се чинеше дека се блиску до освојување на три бода, Ибрахимовиќ, кој тогаш се уште беше член на Ајакс (се пресели во Јувентус по ова ЕП) постигна феноменален гол.

Тој стигна до топката по големата гужва во шеснаесетникот на Буфон и реагираше на начин на кој веројатно никој друг немаше да реагира.

Следеше големо славје бидејќи Швеѓаните по убедливата победа од 5-0 против Бугарија во првото коло беа во добра ситуација да се пласираат во следната фаза од натпреварувањето.

Во последното коло Шведска играше против Данска, а тој меч се уште важи за голем скандал и полемика која Италијанците никогаш нема да ја заборават.

Единствениот резултат кој им одговараше и на Шведска и на Данска беше 2:2. Во тој случај и двете репрезентации би влегле во нокаут фаза и токму тоа се случи.

По мечот Италијанците „плукаа оган“ верувајќи дека резултатот е договорен за нивната репрезентација и го завршија натпреварувањето во групната фаза.

Швеѓаните и Данците не се грижеа за жестоките обвинувања, но и покрај тоа двете земји беа запрени на првиот следен чекор.

Шведска загуби во четвртфиналето од Холандија по изведување пенали, а Данска лесно беше поразена од Чешка со 3-0.

Европскиот првак таа година беше аутсајдер, Грција, а тие го освоија трофејот со победата против домашната Португалија во Лисабон.

The post (ВИДЕО) Пред 18 години го постигна голот на кариерата – Гол кој само тој можеше да го даде, а по кој настана хаос! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico

Сподели: