СП РАКОМЕТ: Македонската ракометна репрезентација го освои 3. место во групата Б

Сподели

 

Македонската ракометна репрезентација го освои 3. место во групата Б, по ремито против Исланд 27-27 во вечерашниот дуел во Мец, на Светското првенство што се одржува во Франција.

Најдобриот стрелец во досегашниот дел од Мудијалот, Кирил Лазаров и вечерва беше најефикасен во македонскиот состав со седум голови. Во исландската репрезентација најзабележителен беше Рунар Карасон исто така со седум погодоци.

Со нерешениот резултат Македонија ја избегна Франција и ќе игра против Норвешка.