ВИДЕО: Тој е најнеобичниот чистач на паркети во спортот – Дознајте кое е момчето од Африка!

Сподели
 

 

Антонио Ван-Дунем е момче од Африка кое привлече големо внимание со своето необично чистење на паркетите на кошаркарските терени.

фото:Twitter

Тој е далеку попознат како Тоја Лимпа, и секогаш кога ќе стапне на подот максимално се забавува и ја тресе публиката покрај малите екрани.

На мечот меѓу Зеленортските Острови и Нигерија, каде првоспоменатата селекција славеше со 79:71, направи големо шоу.

Погледнете:

“Мојата работа е да се грижам за играчите и судиите, ако некој се лизне јас ќе бидам виновен. Затоа морам да бидам брз и динамичен за да го избегнам тоа. Мојот сон е да основам своја компанија која ќе се занимава со чистење, но и да научиме некои помлади како се работи оваа работа“, изјави момчето кое беше хит на социјалните мрежи.

Веќе 23 години се занимава со оваа работа, и секогаш наоѓа начин се повеќе и повеќе да ужива во тоа што го прави….. повеќе со телото отколку со крпата…

 

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

 

A post shared by FIBA (@fiba)

The post ВИДЕО: Тој е најнеобичниот чистач на паркети во спортот – Дознајте кое е момчето од Африка! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico