(ВИДЕО) За овој прекар на Дончиќ не сте слушнале – Го носи од детството по еден познат херој!

Сподели

Loading

Лука Дончиќ е неверојатен кошаркар и многу забавен човек.

Ѕвездата на НБА и Далас Маверикс, неодамна откри дека негова голема страст е играњето видео игри. Тој беше учесник во онлајн играта „Overwatch 2“, каде имаше интересен разговор со други играчи, кои на почетокот не знаеја како да комуницираат со познатиот кошаркар.

Лука Дончиќ откри дека за време на игрите го носи прекарот Донатело, по неговиот омилен лик од детството од анимираната серија „Нинџа Желки“.

Лука Дончиќ имаше интересен разговор со останатите учесници во видео играта „Overwatch 2“ кои беа љубопитни да научат што повеќе за него.

Дури кога сфатија со кого си играат, дека тоа е Лука Дончиќ со глава и брада, стримерите се возбудија. Некои му бараа автограм, други се обидуваа да дознаат што повеќе за Словенецот со српско потекло.

Кога го прашале кое е неговото омилено хоби, добиле интересен одговор.

,,Кошарка – изјави Лука Дончиќ.

За само еден час овој стрим со Лука Дончиќ доби над 10.000 прегледи. Учесниците, но и гледачите беа воодушевени што еден од нив беше и Лука Дончиќ, познат кошаркар.

The post (ВИДЕО) За овој прекар на Дончиќ не сте слушнале – Го носи од детството по еден познат херој! first appeared on .

Powered by WPeMatico