Спорт

Висока победа за “АЛКАЛОИД” во четвртото коло на Европскиот Клупски Куп 2019

Сподели:

 

Шахистите на Алкалоид успешно ги продолжуваат борбите на Европскиот Клупски Куп. Мечот од четвртото коло беше со императив за висока победа, како предуслов да се продолжи трката за една од медалите. Алкалоид со 4 победи и две реми дојде до резултат  5:1 против екипата „Итака“ од Србија. Ковалев, Шанкланд и Криворучко со сигурна игра извојуваа победи. Следеа две реми на Андреикин и Инаркиев. Најголема борба се водеше на првата табла, меѓу велемајсторите Мамедјаров и Инѓиќ. Во динамична и остра позиција, дојде до израз шаховската сила на Алкалоидовиот играч, и партијата заврши со победа на Мамедјаров.

По одиграни четири кола, само 4 екипи (од вкупно 66 клуба кои учествуваат) имаат максимални 8 бода, а потоа следи група со 6 бода, меѓу кои и екипата на Алкалоид.

Во петото коло,  ШК Алкалоид за противник ја има екипата од Швајцарија „Zurich Schachgesellschаft“.

Сподели: