Влада на РМ: Утврден предлог-законот за поголема контрола на паралелниот увоз на лекови

Сподели

Владата на 47. седница го утврди и донесe одлука да го достави до Собранието новиот предлог-закон за лековите и медицинските средства, со кој се зголемува контролата на паралелниот увоз на лекови во земјава.

Како што се наведува во соопштението на владината прес-служба, со предложените решенија веледрогериите се задолжуваат да обезбедат пообемна документација за квалитетот на лековите од паралелен увоз.

„Дополнително со овој предлог-закон се прецизира начинот на издавање на одобрението за паралелен увоз во смисла на утврдување на критериуми и тоа со обезбедување сертификат за квалитет на лек што e предмет на паралелен увоз, приложен во оригинал. Сертификатот за квалитет треба да биде издаден од страна на производителот на лекот или од лабораторија овластена од надлежен орган на земјата производител или од земјата извозник на лекот. На овој начин се овозможува подобрена контрола на квалитетот на секоја серија од лековите кои се предмет на паралелен увоз и се обезбедуваат безбедни лекови од паралелен увоз и заштита на пациентите од евентуални неквалитетни лекови“, стои во соопштението.