Владата денеска ќе ја одржи 65-тата седница

Сподели

 

Владата денеска ќе ја одржи редовната, 65-та седница со повеќе точки на дневниот ред, меѓу кои Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за наставниците и стручните соработниците во основните и средните училишта и Предлог-законот за учебници и други наставни и дидактички материјали во основно и средно образование, на предлог од Министерството за образование и наука.

На денешната седница ќе се разгледува и Информацијата за реализација на проектот за изградба на Интерконективен гасовод меѓу Република Северна Македонија и Република Грција, поднесена од Акционерско друштво за вршење енергетски дејности „Национални енергетски ресурси” – Скопје во државна сопственост.