Вести Изјави Македонија Ударни вести

Влез во објект со документ за прележан вирус во рок од 45 дена

Сподели:

 

Почнувајќи од понеделник, граѓаните освен сертификат за вакцинација или потврда за примена една доза вакцина, во угостителски објекти и на други локации опфатени со мерките, ќе може да влезат и со потврда за прележан ковид, но само првите 45 дена, сметајќи од денот кога оздравеле, информираше денеска министерот за здравство д-р Венко Филипче.
 
– Тој период е за да поминат неопходните 30 дена по оздравувањето, 15 дена да се организира вакцинацијата. Единствено решение е да се зголеми опфатот со вакцинација, верувам граѓаните ја разбраа пораката за мерките и сакам да им се заблагодарам.
 
Ако граѓаните имаат дилема, сакам да ги охрабрам да одат да се вакцинираат, тоа е начинот со којшто ќе постигнеме колективен имунитет, ќе имаме нормален живот, ќе може да функционираме, да живееме, да работиме, да бидеме продуктивни и да ги вратиме назад нашите животи.
Доказ за тоа е дека популацијата на вакцинирани граѓани, заболува во исклучително мал процент – изјави министерот Филипче.
 

По завршувањето на првите 45 дена, од прележувањето, и за овие граѓани ќе важи дека за влез во објекти треба да приложат серитификат за вакцинација, односно потврда за примена барем прва доза вакцина, изјави министерот Филипче.

Сподели: