ВМРО- ДПМНЕ Демократска фракција: Одговорност за разградување на правосудниот систем

Сподели

Членовите на ВМРО ДПМНЕ – Демократска Фракција се вчудоневидени од  молкот, леснотијата и волунтаризмот со кој политичката и судската власт во државата се однесува кон случајот со пребегнатите Горан Грујевски и Никола Бошковски. Одбивањето на екстрадицијата на обвинетите поранешни високи функционери во МВР од страна на Врховниот суд на Грција и неговото толкување на поништената аболицијата (патем се работи за аболиција заснована на укинат член од Законот) е дрско мешање во внатрешните работи на правниот и политичкиот систем на Република Македонија. Дополнително не зачудува фактот што највисоките политичките власти на нашата држава во име на духот на доброседските односи со нашиот јужен сосед и зајакнатата доверба, досега јавно не протестираа на одлуката на грчкиот Врховен суд и не побараа меѓународна поддршка за испорачување на клучите играчи во процесот на досега незапаматеното кршењето на човековите права на граѓаните на Република Македонија

Се работи за обвинети личности кои учествувале во масовно прекршување на човековите права и функционери кои имале пристап до голем број државни тајни. Дополнително страшни и сè позагрижувачки се информациите и индициите дека Врховниот суд на Груција одлуката за неесктрадиција ја донел поради отстапениот голем број прислушувани разговори и други државни тајни од страна на обвинетите. Со овој чин загрозени се сигурноста и безбедноста на голем број македонски граѓани и на македонската држава, при што повеќе од 20.000 прислушувани граѓани на Република Македонија во иднина можат да бидат лесна цел на грчките безбедносни и разузнавачки служби.

Со овој чин, неекстрадираните обвинети македонски граѓани сториле тешки кривични дела против државата (шпионажа, загрозување на независноста, саботажа, оддавање државна тајна и др.) и ОЈО е должно против нив, како и против нивните соучесници и помагатели во дејстијата да покрене нови кривични постапки. Неразбирливо е како досега сеуште на слобода се луѓето кои им помогнале да избегаат, почнувајќи од Врховните судиите кои им ја укинаа мерката притвор, оние кои биле логистика пред и за време на бегството како и нивните сегашни финансиски помагатели кои им се добро познати на јавноста и органите на прогонот.

Господине претседателе Иванов, господине премиер Заев, господине претседател на Собрането на РМ, Џафери, господа членови на Судскиот совет и останати надлежни органи доколу не го подигнете свој глас и не превземете сериозна акција за враќање на обвинетите злосторници и предавици во Македонија, доколку не извршите јавен притисок на надлежните органи да постапат согласно Уставот и законите, доколку не бидат казнети сите оние кои свесно или несвесно направиле пропуст во овој случај (вклучувајќи ве и лично Вас посочените), сите ќе ве сметаме за соучесници во веќе отпочнатата постапка за разградување на правосудниот систем на државата и кога тогаш ќе мора да се соочите со правдата.

Доста беше од замижување на едно око, празни и лажни ветувања и неправда. Внатрешните непријатели на нашата држава, патем соучесници и помагатели во овој случај мора уште денес да се најдат пред лицето на правдата. Законите во оваа држава мора да важат подеднакво за сите, почнувајќи прво од нас самите.

ВМРО ДПМНЕ- ДЕМОКРАТСКА ФРАКЦИЈА