„ТИТАНИК“: Одбраната тврди – аболицијата од Иванов се уште е валидна

Сподели

Аболицијата на Претседателот Ѓорге Иванов, e главен адут на дел од обвинетите во „Титаник“. Адвокатот на екс-министерката за внатрешни работи Гордна Јанкулоска и претеникот Илија Димовски, Петар Василев  посочи дека помилувањето на шефот на државата не може да биде повлечено и сe уште има правна сила.

Треба да се проверат две работи за постапките со помилувањето што беа дадени од претседателот Ѓорге Иванов, а потоа повлечени. Неопходно е да се види дали се правосилни и дали имал право да ги амнестира, порача претседателот на Основниот суд Скопје 1, Иван Џолев на денешната средба со новинарите.

– Кривичниот совет и Апелација веќе се произнесоа за аболицијата и при оценката на обвинението помилувањата беа одбиени.Токму затоа опстојат обвиненијата, а во спротивно ќе беа отфлени. Врховниот суд треба да донесе одлука, а во меѓувреме судиите мора да ги тераат постапките. Доколку повисокиот суд одлучи поинаку, Основниот суд Скопје 1 ќе ја почитува и ќе постапува по таа одлука, рече Џолев.

Предметот „Титаник“ се однесува на изборни нерегуларности и е најголем предмет на СЈО, во кој бвинети се поранешни високи функционери на владата предводена од ВМРО – ДПМНЕ, односно Кирил Божиновски, Мартин Протуѓер како и поранешниот премиер Никола Груевски. Тој денеска тврдеше дека не сторил кривично дело поврзано со изборни нерегуларности.

„Инсинуации се дека сум се договорил со некој од обвинетите и дека сум натерал некого да стори кривично дело. СЈО немаат докази за тоа што го тврдат. Јас само раководев со партијата која ги добиваше изборите убедливо од 2006 година“, рече поранешниот премиер, Груевски.