ВМРО-ДПМНЕ е симбол на корупција и криминал затоа се плаши од прочистување на судството

Сподели

 

Одговор на новинарско прашање, Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ

Прашање: Опозицијата ве обвинува дека сте директно одговорен за најниското рангирање на Tранспаренси за нивото на корупцијата. Ваш коментар по однос на ова дали чуствувате директна одговорност или ваш коментаr за најавената интерпелација од страна на опозицијата?

Одговор: Не, апсолутно Љупчо Николовски не е виновен за децениските проблеми којшто ги има државата, за работи којшто многу одамна сме трбале да ги направиме. Ова е генерација на политичари предводена од Зоран Заев, Оливер Спасовски од целиот наш тим направи крупни чекори за нашата земја. После 3 децении аспирации станавме членка на НАТО, пред почеток на преговори со ЕУ сме и токму затоа оваа Влада стави висок акцент и на реформите во судството и на борбата против корупцијата и криминалот.

A, ВМРО-ДПМНЕ и на централно и на локално ниво се симбол на корупцијата и криминалот со огромен број на постапки, на кривични пријави, на обвиненија, на целото ова нереформирано ВМРО-ДПМНЕ коешто го блокираше Законот за Јавно Обвинителство, коешто се противеше на трансфер на предметите за криминал и корупција од СЈО во редовните обвинителства. Партија којашто ги блокираше сите процеси низ којшто требаше да тргне и да оди оваа земја.

Затоа сме влезени силно, безкомпромисно, неселективно токму во поставувањето на овие клучни приоритети.

Да потсетам дека 3.300 предмети се застарени во последниве неколку години во нашите основни, апелациски и во сите судови. Токму таму е проблемот којшто го нотира и Транспаренси Интернешнал, ако длабоко се анализира целокупната студија и целокупното истражување.

Но ние ја прифаќаме реалноста и ние ја менуваме реалноста. Секој нов случај, со секоја нова постапка, со секој нов однос којшто сите заедно ќе го изградиме, ќе ја вратиме довербата на граѓаните или наша, на институциите, во системот и ќе го трансформираме, европеизираме нашето општество.

Токму затоа на врвен приоритет во програмата за работа на владата, вклучително и во “Акција 21” се овие клучни цели за борба против криминалот, корупцијата и за реформите којшто треба да ги направиме во судството.