Вести Македонија Ударни вести

ВМРО-ДПМНЕ и за денеска најави протест во 18.00 часот

Сподели:

ВМРО-ДПМНЕ и за денеска во 18 часот најави протест пред Министерството за правда, а од 15 до 17 часот ќе ги блокира крстосниците кај ТЦ „Мавровка“, кај Рампа во Кисела Вода и крстосницата помеѓу улиците Васил Чакаларов и Ангел Динев во Карпош.

Од партијата велат дека судството е киднапирано и не одлучува според законите и Уставот, туку по диктат на власта.

„Монтираниот прогон против 36-те недолжни граѓани, меѓу кои актери, уметници, архитекти, пратеници и полициски службеници со накалемено дело тероризам има цел да го замолчи македонскиот народ, кој треба да остане нем набљудувач на раскрчмувањето на државата. Неосновано е обвинението за тероризам, за кое се обвинуваат овие 36 луѓе, неоснован е прогонот против луѓе кои целиот свој живот не извршиле кривично дело. Хунтата го знае тоа, но нема друг начин за заплашување на граѓаните освен преку монтирани случаи да ги носи по затвори“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели: