ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе интерпелација за министерот Филипче

Сподели

 

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе интерпелација за министерот за здравство Венко Филипче.

Од партијата бараат одговорност за несправување со кризата, голем број на починати и заразени, и за сомнителните преговори за набавката на вакцини – се наведува во сооопштението.

„3340 починати од Ковид или најголема човечка катастрофа по Втората светска војна во земјава, 3340 причини Венко Филипче да си поднесе оставка. Нема македонско семејство каде нечиј близок роднина или пријател не почина. Овие животи можеа да бидат спасени ако системот функционираше. Пациентка од Струга почина затоа што никој не и пружи помош, пациент од Штип почина затоа што немало боци со кислород, во Македонија се умира поради операција на колено и од сепса на рана, а на пациентка од Дебар и се извадени здрави внатрешни органи и никој не одговора за сето ова. Наместо министер за здравје Филипче, стана министер за смрт“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.