ВМРО-ДПМНЕ нема да ги поддржи барањата на Катица Јанева, вели Груевски

Сподели

gruevski

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ нема да ги поддржи барањата што специјалната обвинителка Катица Јанева во четвртокот ги испорача до Собранието, а со кои се бара продолжување на работата на Специјалното обвинителство, продолжување на рокот за истраги, измена на законите за сведоци и за приватност, како и почитување на препораките од Венецијанската комисија. Ова денеска го изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, при посетата на основното училиште „Кирил и Методиј“ во Скопје, одговарајќи на новинарско прашање дали ќе ги поддржат барањата на Јанева.

– Обезбедивме сè што беше потребно. Буџет, средства, вработувања, простории, логистика и сè што ѝ беше потребно. Се сменија потребните закони, заедно усогласени со опозицијата, и не сметаме дека има потреба од нивно проширување, надградување или правење на некој нов договор – рече Груевски, одговарајќи на новинарско прашање дали ќе ги поддржат барањата на Јанева.

На прашањето дали ќе се појави на суд како сведок во случајот „Пуч“, Груевски рече дека ќе се појави доколку добие покана од судот.

meta.mk