Алтернатива Скопје Чита

ПСИХОЛОГИЈАТА НА ЛУЃЕТО – ВЕНЦИ ТРАЈКОВ

Сподели:

venci

ПСИХОЛОГИЈАТА НА ЛУЃЕТО

Дојди на гости, ќе ти кажат
да се видиме да пиеме по некоја…
И ќе одиш
Не е проблем ке ти отворат врата широко
Ќе видиш си купиле нова чергичка за пред влезна
Одма ќе ти се пофалат уше на старт
Ново е чергичето 600 ден
Чардакот на сред двор исто го направив пред недела дена
Посадив трева наоколу,
Сеа планирам и фурна да напраам
Ќе се насмевнеш љубезно и ќе кажеш супер е супер е
А у себе -ме боли дека е ново
Ќе те седнат на тросед
И на масата ќе ти извадат све, од пиле млеко
Не за да јадеш туку да видиш дека имаат се
Извади си извади си, јади, не се срами, ќе ти кажат и пет пати не е проблем.
Не дај боже да апнеш после тоа ќе те оговараат цела вечер
Леелее абе овој не јаден дошол на гости…
После ќе почнат зборат за себе
И за нивните маки
Нивните проблеми
Ќе ти зборат
Ќе ти зборат
Ќе ти зборат
Ќе ти зборат… само за себе.. само са себе за себе
Ти ќе мора да им климаш со глава
Збрчкан на крајот од троседот
Гледаш у позадина на телевизорот оди некоја турска серија
Веќе не ни слушаш шо ти зборат
Онака навикнат дека сите во глобала зборат за едно исто
ЗА СЕБЕ,
и тамам ќе сакаш да си заминеш
Ќе ти кажат седи седи уште малку само шо дојде
Ќе седнеш уште троа
Ќе пиеш на сила уше една две
и после кога ќе си заминеш
позади тебе ќе зборат
Ејјј види го овој бе ко бугарски гостин
Не му текнува да стане за жива глава
а во исто време ти маваат рака
со благородна насмевка
на нивните лица додека
ти ја затвараш портата од нивниот двор.

Сподели: