Вести Македонија Став Ударни вести

ВМРО-ДПМНЕ нема кредибилитет додека Вељановски, Милошоски и Димовски не поднесат оставки

 

СДСМ покажа дека се менува за напредокот на земјата да продолжи уште позасилено. ВМРО-ДПМНЕ покажува дека кај нив ништо не се менува, напротив, остануваат заглавени во матрицата на Никола Груевски, на одбрана на криминал, деструкција и антидржавно однесување.

Оставката на Павле Богоевски од функцијата пратеник од морални причини е пример за висок морален чин и силно чувство на лична одговорност пред граѓаните.

Од друга страна, кај пратениците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, против кои се водат судски процеси за тешки кривични дела, нема ниту приближно чувство на морална одговорност.

Напротив, наместо одговорност тие го бранат криминалот, наместо морално однесување, тие пропагираат деструктивно однесување спротивно на интересите на граѓаните.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Вељановски, Антонио Милошоски и Илија Димовски против кои се водат судски процеси и истраги за тешки кривични дела не треба да чекаат ниту ден повеќе, туку веднаш да си поднесат оставки од своите функции.

Тоа е најмалку што може да го направат за да се избегне каква било можност да ги попречуваат или влијаат врз судските процеси и истрагите против нив.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ немаат минимум кредибилитет се додека во нивните редови седат пратеници против кои се водат истраги и процеси за сериозни дела – се наведува во денешното соопштение на СДСМ.

Сподели: