Вести Македонија Топ теми Ударни вести

166 лица вработени во Владата не работеле, а земале плата

Сподели:

Внатрешната ревизија во рамки на Генералниот секретаријат на Владата утврдила дека од 166 до 80 лица кои биле вработени од страна на поранешниот Генерален секретаријат не доаѓале на работа, а примале плата.

Во 2016 година за 166 државни службеници кои не доаѓале на работа, како што се наведува, биле исплатени 50.776.872 денари или речиси 830.000 илјади евра, со што за истата сума е оштетен буџетот на Македонија.

Според соопштението, исплата на плата за неизвршена задача е во спротивност со Законот за работни односи и со Законот за административните службеници. Владата по ревизијата формирала и комисија и нагласува дека постои можна одговорност и кај работодавачот и кај работниците.

Сподели: