Вести Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Нема ништо незаконско во издавањето државни хартии од вредност

Сподели:

vmro-dpmne

СДСМ треба на граѓаните наместо да ги лаже и манипулира, да им објасни што е незаконското во издавањето на државни хартии од вредност од страна на Министерството за финансии кога тие се предвидени со буџетот и гласани во Собранието, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на опозициската партија во врска со новото задолжување од 15,1 милион евра.

„Според манипулациите од фабриките за афери на СДСМ, сите влади во светот на сите развиени економии го кршат законот со тоа што издаваат државни хартии од вредност. Според измислиците на фабриките за афери на СДСМ, токму СДСМ се првите кои го прекршиле законот бидејќи тие први почнаа да издаваат државни хартии од вредност во 2004 година. Дотолку повеќе што каматната стапка на државните записи во време на СДСМ беше дури пет пати поголема од денеска“, стои во реакцијата на владејачката партија.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека додека СДСМ ги повторува „излитените измислици, Македонија е меѓу најниско задолжените земји во Европа“.

http://meta.mk/vmro-dpmne-nema-nishto-nezakonsko-vo-izdavaneto-drzhavni-hartii-od-vrednost/

Сподели: