ВМРО-ДПМНЕ повикува на народен протест против понижувачкиот предлог за Македонија

Сподели

 

Вечерва од 19:00 часот пред Влада на Република Македонија ќе има протест против понижувачкиот и асимилаторски предлог кој ни го нудат Ковачевски, Маричиќ и Османи, најавија од ВМРО-ДПМНЕ.

“Ги повикуваме членовите и на симпатизерите на нашиот политички опонент СДСМ. Сега е моментот да покажеме единство, да ги надминеме партиските разлики и недоразбирања, и да испратиме јасна порака дека нема да дозволиме да ни ја ретушираат македонската историја, да ни ги менуваат македонските учебници и да ја избришат колективната меморија на македонскиот народ”, изјави Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

.