Вести Македонија Ударни вести

ВМРО-ДПМНЕ со најмногу реклами пред вториот круг од локалните избори

Сподели:

 

Во вториот круг од изборната кампања за локалните избори, најголем обем платено политичко рекламирање е регистрирано за Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, околу 26 часа.

По нив, следуваат Коалицијата предводена од СДСМ со околу 11 часа, Беса, околу пет часа и ДУИ околу четири часа, покажува мониторингот на Агенцијата за аудио и аудиовизелни медиусмки услуги.

Од телевизиите опфатени со мониторингот, најмногу реклами се емитувани на ТВ Нова, речиси 12 часа и на ТВ Сител и ТВ Алсат-М по околу 5 часа.

Сподели: