ВМРО-ДПМНЕ ќе протестира пред Кривичен суд и ќе блокира три крстосници

Сподели

ВМРО-ДПМНЕ повика на протест пред Основниот суд Скопје 1 во 18 часот, а ќе ги блокира крстосниците кај ТЦ „Мавровка“, кај Рампа во Кисела Вода и крстосницата помеѓу улиците Васил Чакаларов и Ангел Динев во Карпош од 15 до 17 часот.

„Притворањето на уметници, глумци, режисери, архитекти, пратеници, припадници на безбедносните сили и луѓе кои беа дел од иницијативата „За заедничка Македонија“, со конструирано обвинение за тероризам, е акт на безумие и политичка тортура. Измислувањето и конструирањето на обвинение за тероризам против луѓе кои не сториле ниту прекршок во својот живот е класичен политички реваншизам против сите кои не се согласуваат со антидржавните политики и имаа храброст јавно да го кажат тоа. Да се прогласат за терористи луѓе кои никогаш не држеле оружје в рака и да се изедначат со терористите од Диво Насеље кои убија осуммина бранители е срамно и недозволиво“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.