Вести Македонија Ударни вести

Три лица од куќен привор испратени во затворот во Шутка

Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција на Основниот суд Скопје 1, синоќа ги прифатил жалбите на Основното јавно обвинителство за гонење на кривични дела од областа на организираниот криминал и за тројца осомничени за насилствата во Собранието на 27. април годинава, за кои беше определен куќен притвор одлучил да го преиначи решението и да ги испрати во Истражниот затвор Скопје.

Кривичниот совет денеска ќе одлучува по жалбите и за другите обвинети за кои Обвинителството бара притвор, а не куќен притвор, како и за жалбите на дел од притворените во затворот во Шутка кои бараат да одат во домашен притвор.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вчера кажа дека сè уште се трага по 12 од 36 осомничени.

Сподели: