Внимавајте! Циркулираат лажни СМС пораки во име на ПОЦ

Сподели:

ЈП ПОЦ ги предупредува граѓаните дека циркулираат лажни СМС-пораки во кои испраќачот се претставува како ПОЦ, наведува наводна неплатена такса за паркирање и упатува на сомнителен линк за плаќање, со закана за високи парични казни.

Овие пораки не се испратени од ЈП Паркинзи на Општина Центар. Станува збор за обид за измама и злоупотреба на името на претпријатието.

-Не отворајте го линкот, не внесувајте лични податоци или податоци од платежни картички и не вршете уплати преку пораката. Доколку веќе сте внеле податоци од платежна картичка или сте извршиле уплата, веднаш контактирајте ја вашата банка. За проверка на евентуални обврски, обратете се до претпријатието преку официјалните канали за комуникација, апелираат од ЈП ПОЦ.

Сподели: