Во дописот од комитетот на ЕУ не пишува дека можат да се користат старите документи

Сподели

 

 Денес во разговор за ТВ21 дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев запрашан за денешниот допис од Комитетот за патни исправи на Европската Унија објасни дека во тој допис никаде не пишува дека може да се користат старите валидни патни исправи  
 
„Таму во дописот никаде не пишува стриктно дека може да се користат патните исправи. Таму пишува дека треба да се изнајде решение, а во моментот сите земји членки да одлучуваат самостојно. И има прашање до нас уште колку ни е потребно време за промена на сите патни документи. Така да ЕУ во моментот нема децидна одлука дали може или не може граѓаните да патуваат во нејзините земји членки и се остава на секоја посебно земја членка да донесат своја одлука бидејќи Република Грција ги има известено а нашата држава ги нема известено дека патните исправи не се во важност.“, потенцираше Бојмацалиев. 
 
 Бојмацалиев уште еднаш укажа до граѓаните кои живеат надвор од нашата земја дека уште во 2021 година во октомври беа дистрибуирани 25 базни станици ширум светот, во нашата дијаспора каде граѓаните можеа и можат да ги заменуваат своите лични документи 
 
 „Досега само 44.000м граѓани ги имаат сменето патните документи. Ги покануваме да ја искористат и таа опција доколки во близина на нивното живеење има базна станица и не им претставува финансиски товар или кога ќе дојдат во матичната држава останува можноста да се сликаат и во законски рок да ги земат своите документи. “, објасни Бојмацалиев.