Оркестарот на Македонската филхармонија вечер од 20 часот ќе одржи концерт во рамките на фестивалот „Денови на македонска музика“.

На концертната програма се дела од Стојан Стојков, Тома Прошев, Горан Начевски и Гоце Гавриловски. Ќе диригира Иван Еминовиќ, а како солистка ќе настапи мецосопранистката Сара Јанева.
Јанева, која своето музичко образование го стекнала на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во изминатите години настапува на оперската и концертната сцена во земјава и во странство. Еминовиќ, пак, е диригент и пијанист со настапи во земјава и во странство и со повеќе продукции и концерти во своето професионално портфолио.


