Вести Свет

во Хаг почнува судењето на Хашим Тачи за извршени злосторства

Сподели:

 

Четворицата водачи на поранешната Ослободителна војска на Косово, вклучувајќи го и поранешниот косовски претседател Хашим Тачи, денеска ќе бидат изведени пред Трибуналот за злосторства на ОВК во Хаг за да се изјаснат за новите наводи во проширеното обвинение кое ги товари за злосторства против Албанците, Србите и Ромите на Косово и Албанија во 1998-1999 година, пренесува РСЕ.

Обвинението ги товари Тачи (53), Вешељ (54), Селими (50) и Красниќи (70) за злосторства извршени во повеќе од 40 нелегални притвори на ОВК во Косово и Албанија против најмалку 407 притвореници, од кои најмалку 98 се убиени од март 1998, до септември 1999 година.

Сподели: