Засилен ветер од северен правец – на планините снег

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Променливо облачно, особено претпладне со повремени врнежи од дожд, наместа поројни, проследени со ретки грмежи. На повисоките планини ќе има појава на снег. Ќе дува засилен ветер од северен правец (над 70 km/h) најизразен долж Повардарието. Попладне облачноста ќе се намали.

Во Скопје претпладне со повремен дожд. Преку денот ќе дува умерен до повремено засилен ветер од северен правец, а облачноста попладне ќе се намали.