Во Киев демонстранти се судриле со полицијата, уапсени 100 луѓе, најмалку 10 повредени

Сподели

Полицијата соопштила дека во текот на пребарувањето на кампот пронашла рачни и димни бомби и молотови коктели.

Демонстрантите во Киев се судриле со полицијата која почнала да го отстранува нивниот протестен камп, при што 100 луѓе биле уапсени, додека 10 лица биле повредени, соопштила полицијата.

Протесниот камп, пред украинскиот парламент, во октомври го формирале приврзаниците на Михаил Сакашвили, поранешен грузиски претседател кој станал истакнат опозиционер во Украина, од каде бил депортиран на 12. февруари, а демонстрантите бараат воспоставување на национален суд против корупцијата.

Началникот на полицијата, Андреј Кришченко, рекол дека шест демонстранти побарале медицинска помош по судирот и дека се повредени четири полицајци, јавува агенцијата “Interfax”.

Кришченко прецизирал дека до судирот дошло кога полицијата пристигнала во кампот поради истрага поврзана со еден судир од претходно, кој избил во вторникот, а во кој биле повредени 15 полицајци.

“Мора да извршиме инспекција за две судски одлуки и да ја пребараме оваа област…Потоа ќе комуналните работници ќе го исчистат ова место”, рекол началникот на полицијата, пренесува “Reuters”.

Полицијата соопштила дека во текот на пребарувањето во кампот пронашла рачни и димни бомби и молотови коктели.

“Полицијата во опрема за разбивање на нереди пријде од две страни и ги привела речиси сите луѓе од кампот. Камионите почнале да го растураат кампот и да ги демолираат барикадите”, рекол пратеникот и сојузник на Сакашвили, Јехор Соболев.

Повеќето од приврзаниците на Сакашвили го напуштиле кампот по неговото заминување од земјата, но некои активисти останале, нагласила британската агенција.

Тој камп бил огранок на поширокото опозициско движење кое одржува редовни мирни протести во Киев, барајќи оставка од претседателот на Украина, Петро Порошенко.

tocka.mk