Во понеделник ќе се прска против ларви и комарци

Сподели

 

Во понеделник, на 1.јуни, ќе се реализира третата фаза од авионската и терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци, односно:                               

-Авионската дезинсекција (трета фаза) на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци, ќе се реализира на 14.06.2021 (понеделник), во раните утрински часови.

-Терестричната дезинсекција (трета фаза) на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци, ќе се реализира на 14.06.2021 (понеделник), во текот на денот.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, соопштуваат од Град Скопје.

Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.