Во САД втор ден по ред починати речиси 2.000 во едно деноноќие

Сподели

 

Во САД во последните 24 часа починале 1.973 луѓе од новиот корона вирус, соопшти универзитетот „Џонс Хопкинс“.

Тоа е втор ден по ред бројката на починати во едно деноноќие да е речиси 2.000. Вчера беше соопштена бројка од 1.939 лица починати од Ковид-19.

Со тоа вкупната бројка на починати во САД се искачи на 14.695 луѓе. Вкупната бројка дијагностицирани изнесува 432.132.

Во светот, пак, до утрово бројката дијагностицирани изнесува 1.484.811, а вкупната бројка починати е 88.538.

meta.mk