ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Времето денеска ќе биде топло и сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Утринските температури ќе се движат од -3 до 5 степени, а дневните до максимални 23 степени.

Во Скопје и околината слично време со максимална дневна температура до 21 степен. Слично време ќе биде и утре, сончево и топло со умерен повремено засилен ветер од северен правец. Минималната утринска температура ќе биде -1, а максималната дневна 24 степени.