Алтернатива Вести Македонија Настани Ударни вести

Во Скопје се одбележува “11 јули – Ден на сеќавањето на геноцидот во Сребреница”

Сподели:

 

Денес во паркот во Чаир беше положено свежо цвеќе на спомен обележје за жртвите на геноцидот “Цветот на Сребреница”.
 
 
 
 
По Комеморативната седница за одбележување на геноцидот во Сребреница која се одржа во Собранието на Република Северна Македонија во присуство на високи државни претставници, денес во паркот во Чаир во присуство на голем број граѓани беше положено свежо цвеќе на спомен обележје за жртвите на геноцидот “Цветот на Сребреница”.
 
На комеморацијата беа присутни градоначалникот на Општина Чаир, г-дин Висар Ганиу, пратеникот проф. д-р Зеќир Рамчиловиќ, Заменик директорот на АОПЗ и претседател на СДА, г-дин Џелал Хоџиќ, професори, претставници на невладините организации и др.
 
Во говорите на градоначалникот Ганиу, пратеникот Рамчиловиќ и директорот Хоџиќ беа упатени пораки со кои се изрази почит за невино убиените и сочувство до семејствата на убиените. Особено беа значајни пораките на осуда на геноцидот и одговорноста која што ја имаме да не дозволиме никогаш да се повторат злосторства и насилството, туку дека си дијалогот и компромисот единствено се носат исправни и одржливи решенија без човечки и материјални загуби.
 
 
 
 
Присутните се обврзаа дека наредната година ќе се направи побогата програма за одбележување на Денот на геноцидот во Сребреница. Во почадневите часови традиционално ќе се одржи и “Маршот на мирот”.
Сподели: