Во Собрание ќе се разглeдува новиот закон за ЈО

Сподели

 

Владата на денешната седница на предлог на Министерството за правда ќе ги разгледа Предлог – законот за јавното обвинителство, како и Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за Советот на јавни обвинители на Република Северна Македонија.

Новиот закон за јавното обвинителство предвидува интегрирањето на Специјалното јавно обвинителство и Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во Јавно обвинителство за гонење организиран криминал и висока корупција со надлежност на цела територија на земјата и гаранции за самостојно дејстување, кое одговара на сегашната позиција, а сепак е во хиерархија и субординација на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.

Сите обвинители од СЈО можат да продолжат да работат во ова ново обвинителство. Нивниот мандат истекува на 15 септември, а тие имаат право на реизбор, ако сакаат да се кандидираат. Истото важи и за останатиот персонал, а архивата, опремата ќе бидат префрлени во новото обвинителство.

Јавното обвинителство за гонење криминал и висока корупција ќе биде надлежно за најсложените форми организиран криминал и висока корупција, позната како корупција на белите јаки, велат од Министерството за правда.

Со преодните одредби, предвидено е законот да отпочне да се применува на 15 септември.

-“Очекуваме поддршка од сите, особено што ВМРО-ДПМНЕ кога поднесе до Министерството амандмани на претходниот текст на законот предложи СЈО да биде дел од Јавното обвинителство за организиран криминал, а не предлагаше никакви кадровски промени во обвинителството за организиран криминал, што практично значи дека во новиот текст на законот е прифатен нивниот предлог Јавното обвинителство на чело со Русковска да ги води случаите на СЈО – истакнуваат од Министерството за правда.