Вести Македонија

Објавен Јавниот повик за признанието „Успешни млади“ за 2020 година

Сподели:

 

Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија продолжува со имплементација на проектот „Успешни млади“, признание кое што се доделува во насока на вреднување на трудот и знаењето на младите, како една од политиките за намалување на одливот на млади луѓе од нашата земја, како и за создавање на перспективи за младите и успешни кадри.

Јавниот повик за доставување пријави за признанието „Успешни млади“ за 2020 година е отворен од денеска и ќе трае до 1 ноември 2021 година.

Признанието е поттик на научноистражувачката мисла и уметничката работа на младите, за резултати постигнати во текот на 2020 година, во следните осум категории.

  1. Најдобар/а  млад/а научник/чка во општествените науки;
  2. Најдобар/а млад/а научник/чка во хуманистичките науки;
  3. Најдобар/а млад/а научник/чка во природно-математичките и техничките науки;
  4. Најдобар/а  млад/а  научник/чка во медицинските науки;
  5.  Најдобар/а млад/а иноватор/ка;
  6. Млад талент (за ученици и ученички од средните училишта);
  7. Признание за постигнат особен успех и за афирмација на инклузијата (за млади со попреченост);
  8.     Најдобар/а млад/а уметник/чка.

На јавниот повик може да аплицираат сите лица коишто заклучно со 2020 година навршиле 35 години, а кои постигнале значајни резултати во соодветната категорија, освен за шестата категорија (млад талент) за која можат да се пријават само ученици и ученички од средните училишта.

Јавниот повик во којшто детално се наведени условите и начинот за доставување на пријавите е достапен на веб-страницата на Претседателот на Република Северна Македонија на:

македонски јазик: https://bit.ly/3FjdsrR

албански јазик: https://bit.ly/3D4cb5K

англиски јазик: https://bit.ly/3a1Px1j

Препознавајќи ги социо-економските предуслови на поединците како значаен фактор во пристапот и можностите за образование и професионален напредок, со овој повик особено ги охрабруваме сите млади кои припаѓаат на ранливи категории да поднесат апликации за признанието „Успешни млади”.

Сподели: