Вести Свет

ВОА: Прогласена вонредна состојба во Австралија – пожарите беснеат

Сподели:

 

Премиерот на Нов Јужен Велс прогласи седумдневна вонредна ситуација, при што пожарни карите ќе добијат поголеми овластувања за да ја спроведат задолжителната евакуација, јавува ВОА.

Австралиските власти воспоставиле зона за евакуација од 250 километри на крајбрежјето на Нов Јужен Велс, за да им се овозможи на туристите и на населението безбедно да ги напуштат подрачјата зафатени од пожари.

Синоптичарите за следниот период најавија температури од 40 степени, поради што има стравување дека ситуацијата со повеќе од 200 активни пожари низ земјата ќе се влоши уште повеќе.

Пожарите уништија повеќе од пет милиони хектари вегетација. Животите ги загубија најмалку 17 лица, вклучувајќи ги и деветте жртви од минатата недела. Во огнената стихија се уништени повеќе од 1.300 домови, од кои само минатата недела беа опожарени 400 домови.

Во справувањето со стихијата се вклучи и Австралиската армија, која обезбеди бродови и авиони за достава на вода, храна и неопходни намирници за отсечените населени региони.

ВОА

Сподели: