Водата во Скопје е квалитетна и безбедна за пиење

Сподели

 

Според неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, водата во Скопје е квалитетна и безбедна за пиење.

– Секторот за санитарна контрола во периодот од 15.08.2022 до 19.08.2022 зема 202 примероци за физичко-хемиска и 202 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 46 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, соопшти ЈП Водовод и канализација – Скопје.