Водата за пиење во Скопј е квалитетна и безбедна

Сподели

 

ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола.  

Секторот за санитарна контрола во периодот од 11.03.2024 до 15.03.2024 зема 187 примероци за физичко-хемиска и 187 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 43 мерни места во Градот Скопје.

Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).