Националниот џез оркестар со 𝐃𝐚𝐧 𝐏𝐮𝐠𝐚𝐜𝐡: современ њујоршки џез во Скопје! Специјални гости: 𝐍𝐢𝐜𝐨𝐥𝐞 𝐙𝐮𝐫𝐚𝐢𝐭𝐢𝐬 (вокал) и 𝐉𝐨𝐧𝐚𝐭𝐡𝐚𝐧 𝐒𝐚𝐫𝐚𝐠𝐚 (труба)
7 октомври 2026 | 20:00 часот, Национална опера и балет
На 7 октомври, Националниот џез оркестар ја отвора новата концертна сезона со ексклузивен концерт со Grammy добитникот 𝐃𝐚𝐧 𝐏𝐮𝐠𝐚𝐜𝐡, еден од препознатливите автори, композитори, аранжери и тапанари на современата њујоршка џез-сцена. Под диригентската палка на Џијан Емин, оркестарот ќе ја претстави музиката на Pugach, кој во 2025 година ја освои престижната Grammy награда за Best Large Jazz Ensemble Album за албумот „𝐁𝐢𝐚𝐧𝐜𝐚 𝐑𝐞𝐢𝐦𝐚𝐠𝐢𝐧𝐞𝐝: 𝐌𝐮𝐬𝐢𝐜 𝐟𝐨𝐫 𝐏𝐚𝐰𝐬 𝐚𝐧𝐝 𝐏𝐞𝐫𝐬𝐢𝐬𝐭𝐞𝐧𝐜𝐞“.
Заедно со Dan Pugach во Скопје доаѓаат и специјалните гости 𝐍𝐢𝐜𝐨𝐥𝐞 𝐙𝐮𝐫𝐚𝐢𝐭𝐢𝐬 (вокал) и 𝐉𝐨𝐧𝐚𝐭𝐡𝐚𝐧 𝐒𝐚𝐫𝐚𝐠𝐚 (труба).
Zuraitis е позната вокалистка, пијанистка, аранжерка, како и долгогодишна соработничка на Pugach. Во 2024 година таа ја освои Grammy наградата за Best Jazz Vocal Album за албумот „How Love Begins“.
Saraga е трубач и композитор, познат по соработките со реномирани големи џез-ансамбли, меѓу кои Maria Schneider Jazz Orchestra, Mingus Big Band, Miguel Zenón Big Band, Afro-Latin Jazz Orchestra и John Pizzarelli Big Band.
Во Скопје, Dan Pugach ќе ја претстави музиката од наградениот албум „𝐁𝐢𝐚𝐧𝐜𝐚 𝐑𝐞𝐢𝐦𝐚𝐠𝐢𝐧𝐞𝐝: 𝐌𝐮𝐬𝐢𝐜 𝐟𝐨𝐫 𝐏𝐚𝐰𝐬 𝐚𝐧𝐝 𝐏𝐞𝐫𝐬𝐢𝐬𝐭𝐞𝐧𝐜𝐞“. Покрај авторските композиции од албумот, публиката ќе има можност да слушне и негови современи аранжмани на познати песни од американската џез-традиција.
✦ Скопје го добива звукот на њујоршкиот џез – во живо, со Националниот џез оркестар, Dan Pugach, Nicole Zuraitis и Jonathan Saraga. Не пропуштајте ја оваа исклучителна музичка средба.
Билетите за концертот може да ги набавите онлајн на https://mktickets.mk/event/njo-dan-pugach/ и на продажните места на MKTickets.
Билети со 50% попуст за студенти и пензионери ќе бидат достапни на денот на концертот, еден час пред почетокот, на билетарницата на Националната опера и балет, со приложување соодветен документ.
Билетите може однапред да се резервираат на: info@jazzorchestra.mk


