Промоција на книгата „Автопортрет со седум прсти“ од Ацо Шопов

Сподели

 

Издавачката куќа „Антолог“ во вторник, 19 март, од 19:00 часот во „Лабораториум“ (бул. „Климент Охридски“ бр. 68, Скопје) ќе го одбележи објавувањето на „Автопортрет со седум прсти“ од Ацо Шопов, дело од исклучително значење за културната меморија и хроника на современата македонска културна историја.

Како што информираат од „Антолог“, книгата ќе ја претстават проф. д-р Владимир Мартиновски, декан на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, и првенецот на МНТ, Никола Ристановски. Ќе им се придружи и Јасмина Шопова, приредувач на книгата и потпретседател на фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“, која ја организира промоцијата во соработка со „Антолог“ и со „Лабораториум“.

Кон промоцијата се приклучуваат и Националната опера и балет, Фестивалот на анимирани филмови „Флипбук“ и ДЛУМ, со сегменти од нивните уметнички продукции во рамките на „2023, година во чест на Ацо Шопов“.