Вонредна состојба во неколку градови во Србија

Сподели

 

Поради обилните врнежи од дожд во повеќе општини во Србија прогласена е вонредна состојба и итна одбрана од поплави.

Од поплавените објекти евакуирани се 34 лица. Вонредна состојба е прогласена во Ниш, Лесковац, Дољевац, Бојник, Власотинца.

Според последните информации од Секторот за вонредни состојби, од утрово состојбата со поплавите на југот од Србија се стабилизира, а реките се повлекуваат откако престанаа обилните врнежи. Над 10 000 домаќинства сè уште се без струја.