Вработени во ЈСП краделе нафта од гаражите на претпријатието

Сподели:

“Вечерва, внатрешната контрола на ЈСП затекна вработени како крадат значително количество нафта од гаражите на претпријатието во Ѓорче Петров. Веднаш е повикана полицијата.

Вработените ќе бидат отстранети од работа, а очекувам Обвинителството да отвори постапка и секој за кого ќе се утврди одговорност да одговара пред законот”, изјави и објави на својот официјален ФБ профил, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

“Почитувани скопјани, токму за ова зборувам кога велам дека градот со години бил системски уништуван. Секој литар нафта во тие гаражи е платен со ваши пари за автобусите на ЈСП да ве однесат на работа, на училиште и дома.

Моја обврска е да го чувам секој ваш денар. Кој и да посегне по него, ќе биде санкциониран. Без исклучок! Денес, за разлика од минатото, жестоко се постапува против криминалот!

Само со удар во чело, можеме да се избориме против корумпираните кои го уништуваат нашето и ваше Скопје”, изјави Ѓорѓиевски.

Сподели: