Додека законските измени чекаат, жените ги убиваат.
Три месеци од поднесувањето на измените на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство. Седум месеци од одржувањето на надзорната расправа, без усвоени заклучоци со конкретни мерки, рокови и институционални одговорности.
Во меѓувреме, седум фемициди во 2026 година.
Инспирирани од „ѕидот на срамот“ на кој се повика претседателката Сиљановска-Давкова, во наредните денови ќе упатуваме јавни прашања до носителите на јавни функции од чие постапување зависи превенцијата на насилството и заштитата на жените.
Започнуваме со Африм Гаши, претседател на Собранието.

Зошто за уназадување на правата има итност, а за заштита на животите на жените – нема? Кога законските измени ќе бидат ставени на дневен ред? Кога ќе бидат усвоени заклучоците од надзорната расправа?
Бараме јавни одговори, конкретни мерки и политичка одговорност! – повикуваат од Мрежата за заштита од дискриминација.


