Времен режим на булевар Киро Глигоров во недела

Сподели

 

ЈП Улици и патишта Скопје ги известува граѓаните дека во недела (26.03.2023година) на булeварот Киро Глигоров на потегот од Бриколаж до булеварот АСНОМ  сообраќајот ќе се одвива во согласност со привремено воведен режим.  Времениот режим се воведува поради активностите за  обележување на хоризонтална сигнализација на булеварот  во периодот од 07 – 19 часот.

 Апелираме  до сите учесници во сообраќајот да се придржуваат кон времено поставениот режим на сообраќај.