На Скопското кале не се спроведуваат никакви градежни зафати

Сподели:

Министерството за култура и туризам остро реагира на соопштението на Демократската унија за интеграција поврзано со Скопското Кале и сака да потенцира неколку суштински факти.

“Скопското Кале симболот на нашата култура, историја и традиција, заради незаинтересираност и несовесното работење на претходната влада во изминатата деценија беше оставено на забот на времето, односно беше девастирано, запуштено и обраснато со бујна вегетација.

Министерството за култура и туризам минатата недела во соработка и поддршка со екипи на ЗЕЛС и Општина Кисела Вода, презеде конкретни активности за теренско расчистување на теренот, со цел да се овозможи пристап, безбедност и основни услови за натамошна стручна проценка и третман на просторот”, се наведува во реакцијата на Министерството и додаваат “дека на просторот на Скопското кале не се спроведуваа никакви градежни зафати. Напротив таму постојат два веќе изградени музеи и тоа, музејот на  праисторијата и на отоманскиот период  кои до крајот на годината ќе бидат ставени во употреба”.

Сподели: